Вакцините против Ковид се безбедни во бременоста


Pregnant Vaccination. Pregnant Woman In Face Mask Getting Vaccinated in Clinic. Doctor Giving Corona Virus Vaccine Injection Patient. Covid-19 Flu Protection.

Британската агенција за здравствена безбедност соопшти дека нејзината анализа на податоците покажува, вакцините против корона вирусот се безбедни во бременоста.


 

Извештајот тврди дека ниту една целосно вакцинирана бремена жена не била примена на одделението за интензивна нега со вирусот, помеѓу февруари и септември 2021 година.

Но, само 22 отсто од жените кои се породиле во август примиле барем една доза.

Од средината на април следната година, на идните мајки ќе им бидат понудени вакцините Pfizer и Moderna, а втората доза се препорачува осум недели по првата.

Помеѓу јануари и август, стапката на мртвородени деца изнесувала околу:

3,35 на 1.000 вакцинирани жени
3,6 на 1.000 невакцинирани жени

Број на бебиња со мала тежина:

Кај вакцинираните жени 5,28 отсто
Кај невакцинираните жени 5,36 отсто

Процент на предвремено породување:

Кај вакцинираните жени 6,51 отсто
Кај невакцинираните жени 5,99 отсто

Истражувањата сугерираат дека една од пет жени примени во болница инфицирани со корона вирусот се се пораѓа порано, а на некои од овие бебиња им е потребна посебна интензивна нега.

Доказите велат дека ризикот од смрт на бебе при породување е поголем ако жената има ковид во бременоста.

Британската агенција за имунизација соопшти дека новите информации за безбедноста на вакцините се охрабрувачки.

„Секоја трудница која сè уште не е вакцинирана треба да се чувствува безбедна и да се имунизира, што ќе помогне да се спречат сериозните последици од инфекција со корона во бременоста“, се наведува.

Се зголемува бројот на вакцинирани, но извештајот покажува и дека процентот на мајки кои примиле барем една доза за време на породувањето бил приближно:

17,5 отсто кај белите жени
13,5 отсто кај азијките
5,5 проценти кај црните жени

7,8 отсто во сиромашните подрачја
26,5 отсто во побогатите области