Спреј за ароматерапија на Walmart предизвикува бактериски инфекции



ript>

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) потврди дека спрејот за ароматерапија продаден од Walmart Inc  или една од неговите состојки, предизвикал бактериска инфекција кај четири лица претходно оваа година.


 

Walmart минатата недела повлече околу 3.900 шишиња од спрејот, кој беше произведен во Индија и продаден во околу 55 продавници и на неговата веб-страница помеѓу февруари и октомври.

„Како дел од отповикувањето, ние проактивно ги спроведуваме плановите за да ги известиме клиентите и да спречиме понатамошна продажба на производи, додека федералните агенции ја продолжат својата истрага“, рече американскиот трговец на мало за Ројтерс.

Инфекцијата Мелиоидоза, е предизвикана од ретка и понекогаш фатална бактерија наречена Burkholderia pseudomallei која претежно се наоѓа во тропските клими.

Бактеријата беше идентификувана минатата недела од Агенцијата за јавно здравје во спрејот во домот на жител на Џорџија на кој му се слоши.