Новата назална вакцина против Ковид од Гамалеја – Гинстбург и Путин: НЕМА никакви несакани ефекти


Не се регистрирани никакви несакани ефекти по употребата на назалната вакцина, изјави Александар Гинтсбург, директор на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на Гамалеја, кој ја произведува оваа вакцина.


 

„Досега немаме забележано никакви несакани ефекти по употребата на назалната вакцина, но нејзината ефикасност допрва треба да се провери“, рече тој.

Лицата вакцинирани со назалната вакцина против коронавирус ќе стекнат стерилен имунитет, што значи дека нема да можат да заразат други, најави денеска директорот на Центарот Гамалеја.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека лично ја тестирал интраназалната антивирусна вакцина.

– Не чувствувам ништо необично, тоа е прилично класично. Точно шест месеци по ревакцинацијата ми паднаа антителата и специјалистите ми препорачаа да добијам нова доза, која ја примив пред два дена – рекол Путин, пренесува ТАСС.