Малезиски гинеколог создаде унисекс презерватив: Можат да го користат мажи и жени


Малезиски гинеколог го создаде првиот унисекс презерватив во светот, што може да го носат жени и мажи. Тој е направен од медицински материјал кој обично се користи како облога за повреди и рани.


 

Неговиот пронаоѓач се надева дека презервативот Wondaleaf Unisex ќе ги поттикне луѓето да преземат подобра контрола над своето сексуално здравје без оглед на нивниот пол или сексуална ориентација.

„Тоа е во основа обичен кондом со леплива обвивка“, рече Џон Танг Инг Чин, гинеколог во фирмата за медицински материјали Twin Catalyst.

Лепилото се нанесува само на едната страна од презервативот, додаде тој, што значи дека може да се преврти и да се користи од било кој пол.

Секоја кутија Wondaleaf содржи два кондоми и ќе чини 14,99 рингит (3,61 долари). Просечната цена за десетина кондоми во Малезија е 20-40 рингити.

Танг ги прави презервативите користејќи полиуретан, материјал кој се користи во проѕирните преврски за рани, кој е тенок и флексибилен, но сепак силен и водоотпорен.

Тој вели дека Wondaleaf поминал низ неколку рунди на клиничко истражување и тестирање, а ќе биде комерцијално достапен преку веб-страницата на фирмата овој декември.

„Врз основа на бројот на клинички испитувања што ги спроведовме, јас сум прилично оптимист дека тоа ќе биде значаен додаток на многу контрацептивни методи што се користат во спречувањето на несакана бременост и сексуално преносливи болести“, рече Танг.