Кој не треба да го пие зелениот чај?



ript>

Зелениот чај е исклучително здрав, полн со витамини и помага при варење.


 

Mалку е познато дека овој пијалок може да го зголеми нивото на адреналин и кортизол, кое доведува до стрес и зголемување на маснотиите во крвотокот.

Зелениот чај е богат со танини, а со ова го блокира железото. Исто така, ја спречува апсорпцијата на калциум од храната.

Тој е богат со антиоксиданти, витамин Б, минерали и кофеин. Од таа причина не треба да го пијат луѓето со хипертензија и глауком.

Не е добро да се пие со оброци, туку еден час по јадењето. Покрај тоа, танинот може да ја иритира мукозната мембрана, поради што оваа напивка не треба да ја пијат оние кои страдаат од болести на дванаесетпалачно црево.

Секојдневната конзумација не смее да надмине повеќе од еден литар, во текот на денот.

Не е препорачливо да додавате шеќер во зелениот чај, ниту да земате бонбони додека го пиете.