Војвотката од Корнвaл Камила со моќна порака против сексуалното насилство


Камила, војвотката од Корнвaл одржа страстен говор против сексуалното насилство.


 

„Потребна е цела заедница од машкиот и женскиот пол за да се уништат лагите, зборовите и постапките кои поттикнуваат култура во која сексуалниот напад се смета за нормален“, рече војвотката на приемот од Фондацијата WOW во Лондон.

Таа го повикува светот да се здружи за да го спречи сексуалното насилство врз жените.

Во својот говор, војвотката ја истакна потребата „сите вистински да се обединат за да создадат свет без насилство“.

„Треба да ги вклучиме мажите во нашите животи во ова движење. Ние не ги сметаме сите мажи одговорни за сексуално насилство. Но, ни требаат сите заедно за да се справиме со тоа“, рече таа.

„Силувачи не се раѓаат, тие се создаваат. Затоа, сите да заминеме од овде денес и да се обидеме да ги натераме мажите во нашите животи да учествуваат во градењето на „бесрамно“ општество“.

Камила го споменува „погрешните чувства на стигма“ што жртвите на сексуално насилство често ги чувствуваат.

„Жртвата се чувствува нападнато и валкано, ослабена поради тоа што е ставена во положба на беспомошност од некој посилен – можеби од некој кому претходно му верувала. Често, ова чувство на срам предизвикува жртвата да се обвинува себеси, погрешно да ја преземе одговорноста за злосторството и сака да се скрие подалеку од другите. А, сепак таа не направи ништо лошо“, заклучува Камила.