Топла приказна за намќоресто маче и весело куче


– Иако „вистинската“, светски позната мрзоволно-намќореста мачка Грутка (Grumpy cat), за жал, угина пред извесно време, сега, се чини, има достојна замена што речиси сигурно ќе го зазеде нејзиното место.



Всушност, станува збор за мачорот Ромео кој, исто така, изгледа намќоресто, но всушност, е доста мирно маче и многу сака да се дружи. Животинчето живее во Нов Зеланд, со сопствениците, но и со исто толку ведриот и весел шестгодишен самојад – Каспер.

Се чини, Ромео и Каспер станаа најдобри пријатели, па досега на Инстаграм, каде што имаат свој посебен профил, имаат скоро 40.000 обожаватели.  си/сд/