Стенли Кјубрик и Кирк Даглас барале филмски права на „Доктор Живаго“


Тој е еден од најголемите британски филмови на сите времиња, блокбастер од 1965 година во режија на Дејвид Лин и актерска екипа од тогашната „А“ листа на холивудски ѕвезди Џули Кристи, Омар Шариф и Алек Гинис.


 

Но, епската адаптација на „Доктор Живаго“, класична љубовна приказна на Борис Пастернак сместена во позадианата на руската револуција, можеби никогаш немало да се случи доколку таму прва стигнала планираната американска продукција.

Џејмс Фенвик, британски историчар за филм, откри дека двајца од најпочитуваните филмаџии – холивудската sвезда Кирк Даглас и режисерот Стенли Кјубрик – залудно се обидувале да ги стекнат филмските права порано, кон крајот на 1950-тите.

Кјубрик му напишал на Пастернак лично и Даглас се надевал дека ќе ја сними продукцијата во Советскиот Сојуз, открива претходно необјавен материјал, пренесуваат британските весници.

Според истите извори, публиката може само да замисли што можело да биде. Даглас и Кјубрик соработуваа на уште две други ремек-дела, како „Патеки на славата“ и „Спартак“.

Пастернак го заврши својот роман во 1955 година, но тој бил забранет во сите советски држави поради наводен напад врз Советскиот сојуз. Ракописот бил прошверцуван на запад и објавен во 1957 година од италијански издавач, кој ги купил правата од Пастернак. Тоа му помогна да ја добие Нобеловата награда за литература во 1958 година.

Филмскиот историчар Фенвик се изненадил кога пронашол писмо од 8 јануари 1959 година, во кое Кјубрик му пишувал на Пастернак за да го увери во квалитетот на неговата претходна работа.