ŠKODA AUTO ја доби наградата COMPANYBEST за 2020 година


Најголемото независно автомобилско жири во Европа, AUTOBEST, ѝ го додели признанието „COMPANYBEST 2020“ на чешкиот бренд ŠKODA. Панелот на новинари од 31 земја го препозна импресивниот развој на производителот на автомобили и нивната имплементација на иновативни концепти во производството. Покрај проектот за дигитализација „dProduction“ во производствениот погон во Kvasiny, панелот го препозна и решението на брендот спроведено во Mladá Boleslav, каде што возилата MQB и MEB се градат едни покрај други на истата производна линија. Дополнително, ŠKODA Octavia, најпродаваниот модел на чешкиот производител на автомобили, е еден од финалистите и за наградата „Best Buy Car“ за 2021 година.



ŠKODA беше крунисана како победник со наградата „COMPANYBEST 2020“. 31 член од независното AUTOBEST жири го награди чешкиот производител на автомобили, меѓу другото, и за импресивното зголемување на својот пазарен удел и бројот на нови регистрации насекаде низ светот. Панелот новинари исто така го препозна и атрактивниот дизајн на моделите на ŠKODA, кои се надополнети со решенија ориентирани кон корисникот, за практичните „Simply Clever“ карактеристики на брендот, како и за многубројните технолошки иновации.

ŠKODA исто така гo освои жирито и со својот паметен концепт за производство. Во погонот во Mladá Boleslav, чешкиот производител на автомобили исто така го произведува и моделот ENYAQ iV, кој е базиран на платформата MEB за модуларни електрични автомобили и моделите OCTAVIA и KAROQ базирани на MQB, произведени едни покрај други, на иста производна линија со максимална флексибилност. AUTOBEST го препозна и проектот „dProduction“ имплементиран во производствениот погон во Kvasiny, преку кој, сета работна сила во фабриката се води дигитално низ производствените чекори, документацијата и контролата на квалитет.

Како дополнување на ова признание, новата ŠKODA OCTAVIA ќе земе учество и во значајните тест возења за наградата „ Best Buy Car во Европа за 2021 година“, а победникот ќе биде објавен во средината на декември.

ŠKODA го освои признанието и минатата година, кога жирито го награди дигиталниот асистент Laura со наградата „SMARTBEST“. Laura беше прогласена за иновација на годината, победувајќи ја конкуренцијата во областа на интеракција во автомобилот помеѓу возачот и вештачката интелигенција.