Шпанка заразена со коронавирус, родила здраво дете


Шпанка заразена со коронавирус, родила здраво дете - МИА

Мадрид, 6 април 2020 () – Шпанка заразена со коронавирус, родила здраво машко дете. Сега се заедно, но таа не смее да го допре ниту нејзиниот сопруг ни малечкото без ракавици, сè до крајот на карантинот.

Ванеса Муро и нејзиниот сопруг дознале за нејзината зараза на 12 март. Потоа веднаш била пренесена во мадридската болница „Ла Паз“, а лекарите решиле да се направи царски рез следниот ден.

– Се чувствував ужасно. Освен стравот од зарази за бебето, бев нервозна и за тоа дека сопругот  нема да биде крај мене, а и оти акушерите беа целосно покриени со заштитни костими, раскажува новопечената мајка.

По 48 часа во карантин, Муро била пуштена дома. Но, бебето е задржано на одделот за неонатологија. Таткото, кој не е заразен, го добил малечкото дури по 10 дена.

Иако минале 14 дена од карантинот, поради недостаток на тестови, не може да се потврди дека таа или кој било од нејзиното семејство веќе не се носители на вирусот. Така, мајчината прегратка без заштита, ќе почека уште некое време. 


Николоски: На лидерската покрај здравствената криза да се разговара и за условувањата од Бугарија - МИА
Вести

Николоски: Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност.

Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај! Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и […]

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка - МИА
Вести

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

Скопје, 9 јули 2020 () – Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст. Во […]

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]