Шерон Стоун ги повика жените од Флорида да гласаат за Џо Бајден



Холивудската ѕвезда Шерон Стоун ги повика жените од Флорида да гласаат за кандидатот за претседател на Демократската партија, Џо Бајден, во писмо што го напиша во понеделникот.


 

„Вие сте отпорни, храбри, забавни, паметни и секси. Вашиот број на случаи Ковид-19 ме плаши,“ вели Стоун повикувајќи ги жените да гласаат за демократскиот кандидат Џо Бајден.

62-годишната актерка пишува како ја посетила Флорида уште како тинејџерка. Потоа се навраќа на периодот кога го снимала мегахитот „The Specialist“ со Силвестер Сталоне во 1994 година во Мајами.

„Таму собирав пари за напатени жени“, напиша Шарон – која може да се пофали со 2.5 милиони следачи на социјалните мрежи Инстаграм и Твитер.