Сезона 4 на „Круната“ сoбра повеќе гледачи од свадбата на Чарлс и Дијана


Кралската свадба беше телевизиски настан на 20 век, но хитот на „Нетфликс“ е успешната приказна за 2020 година, пишува „Сан“.


 

Според британскиот весник, новиот извештај објавен во средата покажува дека 29 милиони луѓе минатата недела биле вклучени на „Нетфликс“ за да ја гледаат новата сезона на „Круната“ (The Crown).

„Не е за изненадување: сигурно најочекувана серија досега. Четвртата сезона ја претставува лејди Дијана Спенсер, идната принцеза Дајана, (ја глуми одлично новодојдената Ема Корин), како и премиерката Маргарет Тачер (Џилијан Андерсон),“ пишуваат британските таблоиди.

„Ако на сета оваа примамлива перспектива ги додадете мерките за самоизолација и ограничувањата на социјалниот живот ги добивате сите потребни состојки за Нетфликсов хит на годината,“

Доколку се точни бројките, тоа би значело дека повеќе луѓе се вклучиле да ја гледаат измислената верзија на настаните – додворувањето на Чарлс и Дијана и денот на нивната венчавка – отколку вистинската кралска свадба која во тоа време беше голем телевизиски настан. Свадбата во 1981 година, која се одржа во Бакингемската палата и на која дебитираше славниот фустан на Дијана, дебитираше со 600.000 гледачи помалку во Британија од моќните 29 милиони на „Нетфликс“. Сепак, треба да се напомене дека на глобално ниво, кралската венчавка привлече публика од 750 милиони.

Четвртата сезона е неверојатен хит за стриминг-сервисот, надминувајќи ја третата сезона со околу 8 милиони гледачи во првата недела.