Селена Гомез и Крис Еванс во романса?


Во период кога фановите почнаа да се прашуваат за потенцијалната романса помеѓу Крис Еванс и Селена Гомез, ѕвездата на Марвел додаде повеќе масло на огнот.Откако Еванс објави приказна на Инстаграм на која самиот ја свири „Purple Rain“ на пијано, фановите шпекулираат дека тој ја изведува за Гомез и дека рефлексијата која се огледува на пијаното е нејзина.


 

Шпекулациите доаѓаат откако фановите почнаа да бараат индиции дека дуото се забавува на почетокот на овој месец

„Мислам дека повеќето од моите искуства во врските се проколнати“, изјави Селена во јуни за Вог.

„Претпоставувам дека треба да најдам пандан на мене, затоа што во минатите врски никогаш не се чувствував еднакво“.

„Јас сум навистина среќна со тоа што сум. Луѓето велат кога ќе остарите, се чувствувате посигурни во себе. Не знам дали секоја идна година така ќе ќуствувам, но едноставно сметам дека постојано растам во вистинската насока“.

Еванс од друга страна, го чуваше својот приватен живот од јавноста, иако беше поврзуван со Џени Слејт од 2016 до 2018 година.