Минатиот петок Владо Георгиев ги покори скопјани со неговиот извонредно енергичен настап во ноќниот клуб PURE, а овој петок редот му припаѓа на хрватската мега ѕвезда Тони Цетински.
На сцената, Владо Георгиев им приреди вистинско музичко задоволство. Откако се појави на сцената, владееше со атмосферата и направи неверојатна врска со публиката. Публиката постојано беше во екстаза, пееше со него и му ја возвраќаше енергијата. Владо Георгиев демонстрираше неверојатен талент, прекрасна сценска присутност и способност да ги повлече сите наоколу во неговиот свет на музика и емоции.
Оваа недела во ноќниот клуб PURE гостува харизматичниот хрватски ас на поп-рок музиката – Тони Цетински, кој по 7 години пауза повторно ќе се појави пред македонската публика и ветува одлична атмосфера.
PURE NIGHT CLUB е прекрасна локација за ваков вид концерти, со неговата модерна и елегантна атмосфера го дополнува музичкото искуство. Клубот има минимална возрасна граница од 25 години а со тоа ги врати постарите скопјани повторно да уживаат во ноќниот живот. Клубот во четвртоците е домаќин на Street Soul Delight хип-хоп вечер со Boogieman, Mawrteen и Тони Зен, во петоците гостуваат регионални ѕвезди а саботите е класична диско забава со реномираните Branches и Dj Bobi.
Досега на сцената ги видовме Владо Јаневски, Дарио, Џибони, Бајага, Црвена Јабука, , Тамара Тодевска, Наташа Беквалац, Нокаут, Ѓоко Таневски, Бени, Ареа, Владо Георгиев и други локални бендови.