Меѓународна конференција на МТФ „Војдан Чернодрински“ за македонскиот театар низ визурата на меѓународната јавност

konferencija na mtf Vojdan Cernordinski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Театарот има свои посебности од каде што доаѓа, но е универзална уметност и неопходни се соработки и размени на идеи. Фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп е вистинското место, бидејќи сака да ја развива меѓународната програма, беше речено на  меѓународната конференција „Македонскиот театар низ визурата на меѓународната јавност“ што денеска се одржа во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ во рамките на 57. Македонски театарски фестивал Војдан Чернодрински“.

– Сакаме да покажеме дека фестивалот е подготвен да разговара и на пошироки теми. Ова е моја идеја за да можеме да развиеме меѓународна програма на Фестивалот. Да се обидеме, не да споредиме, туку да видиме каков е македонскиот театар во очите на луѓето кои доаѓаат од страна да го гледаат. Убаво е да се види да кажат како функционираме, дали можеме да зборуваме за еден тип на естетика. Ова е само вовед во една поголема програма што ќе следува во наредните години.


Поставувањето претстави од македонски автори и со македонски режисери на сцените во Регионот, што и се прави,  е чекор напред во универзалноста на естетиката на уметноста.

– Преку мрежата на национални театри се покажува дека Македонија сака да го развива театарскиот систем и уметноста што претставува жив дел од современата култура и тоа е за почит, изјави Јанко Љумовиќ, професор на ФДУ во Цетиње, Црна Гора.

– Македонскиот театар е на добар пат не само да го сочува оној ореол кој го имаше од порано како еден од значајните театри на бившите Ју-простори, туку и да го подобри во многу сегменти. Само, жал ми е што нема претстави на театрите од македонски автори. Мирослав Радољиќ, директор на „Стериино позорје“ од Нови Сад.

– Таа симбиоза, соработка со српското театарско милје е добро што се користи за презентација  на македонската уметност и во Европа, а македонската продукција има потенцијал, Милош Латиновиќ, директор на „Битеф“ .

Претпладнето, во рамките на детската зона „Чернодрински за деца“ во прилепскотокино „Мис Стон“, публиката можеше да ја види претставата создадена од театарската работилница на Фестивалот. Се претставија средношколците гимназијата „Мирче Ацев“. Напладне се одржаа разговорите на тркалезната маса за синоќешните претстави во официјалната програма: претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар од Скопје.

Од 17 часот се Фестивалските зони, а веќер публиката ќе види уште две претстави во официјалната програма. Од 19,30 часот  во Центарот за култура „Марко Цепенков“ е претставата „Циркус Пирандело“  во режија на Бојан Трифуновски, а во изведба на струмичкиот театар. Од 22 часот на сцената на прилепскиот народен театар е претставата „Човек перница“ во режија на Сибел Абдиу“ . ќе ја изведе ансамблот на Турски театар од Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK