Даниел Редклиф нема да глуми во новата серија „Хари Потер“

redklif
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ѕвездата од серијалот филмови „Хари Потер“, Даниел Редклиф изјави дека нема да глуми во претстојната серија за познатото дете-волшебник.

Иако многумина посакуваа Даниел да го глуми таткото на Хари во новиот проект, тој изјави за „Комикбук“ дека нема планови тој да се појави во ТВ-серијата, бидејќи тимот што стои зад неа сака таа да биде различна од филмовите.


– Од она што го разбрав, тие се обидуваат да почнат од нула, па сигурно тој кој го прави шоуто ќе сака да остави белег и веројатно не размислуваат да го натераат „стариот Хари“ да глуми таму, изјави Редклиф.

Тој, според кажувањата, воопшто и не сака да глуми во серијата, но дефинитивно е среќен што таа се снима.

– Сигурно не барам улога, во никој случај. Но им ја посакувам сета среќа на светот и многу сум возбуден за новиот Хари, додаде тој.

Уште во јануари 2021 година имаше гласини дека се подготвува серија за Хари Потер, но официјалната вест беше објавена овој април. Засега не се соопштува кој ќе ги толкува главните ликови, но познато е дека секоја сезона ќе обработува една од седумте книги. Продукцијата е на „Ејч-би-о макс“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK