Совети за вкусно-крцкави печени компири


– Нутриционистка ја откри тајната што самата ја користи за приготвување печени компири, кои секојпат излегуваат крцкави.


 

Лора Форд од Мелбурн, Австралија, го сподели рецептот од осум состојки на својот интернет-простор. Таа, имено, користи бели компири со црвена лушпа, „екстрадевствено“ маслиново масло, путер, свежи лисја од мајчина душичка и мед.

„Овој печен компир предизвикува вистинска зависност. Совршена рамнотежа на слатко и солено, со крцкави рабови. Едноставно, нема да може да престанете да го јадете”, напиша таа.

Потребни состојки:

– два килограми црвен компир.

– две лажици екстрадевствено маслиново масло,

– 50 грама путер,

– зачини за сите намени,

– сол и бибер,

– една / две лажици мед (или јаворов сируп).

Се става вода да зоврие и се додаваат компирите. Се приготвуваат 4-5 минути додека не омекнат, но да не станат кашести. Додека компирот се вари, рерната се загрева на 200 Целзиусови степени. Се става маслиновото масло и путерот се пржи во тава две минути – додека не се растопи. Се додаваат компирите и зачините, а потоа и сол и бибер. Компирот треба да биде рамномерно распореден и да не се преклопува – заради максимална крцкавост.

Сѐ тоа се пече 30 минути, потоа се превртува и се пече уште 25-30 минути додека не стане крцкаво. Потоа се истура медот (или јаворов сируп) врз компирите, додека се топли.