Необично вкусен пудинг од авокадо

puding
Facebook
Twitter
LinkedIn

Иако авокадото нема некој посебен вкус, препорачливо е да се употребува во исхраната бидејќи е одличен извор на хранливи материи вклучувајќи: магнезиум, калиум, витамини Б2, Б3, Б5, Б6, витамин Ц, витамин Е, витамин К.




Некои витамини како на пример, витаминот Е, најкорисни се кога се внесуваат директно од храната, бидејќи нивната апсорпција кога се зимаат како суплементи не е толку добра.

Рецептот за овој лажен пудинг од авокадо не содржи точни мерки.
Се блендираат авокадо, какао, презреани банани (поради тоа што се поблаги), бадемово млеко и во зависност од тоа каква блажина посакувате, може да додадете малку мед, а за уште подобар вкус и 2-3 лажички кокосово масло.
Сировото какао е богато со железо, 10 грама какао прав ги задоволува дневните потреби за внес на железо.

Во оваа превкусна и кремаста ужинка може да се ужива без грижа на совест, бидејќи е вистинска витаминска бомба и одличен и вкусен десерт за целото семејство.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Можеби ќе ве интересира: