Дали знаете како се подготвува највкусно тесто за пица?


Пица тестото е најважно за да се подготви вкусна пица. Секоја домаќинка има свој рецепт, а денес двата начини на подготовка кои Ви ги предлагаме  се презентирани од италијанските мајстори.


 

Класично тесто

  • 500 грама брашно тип 400
  • 10 грама сол
  • 4 грама свеж пивски квасец

Подготовка:

Растопете го квасецот во 350 мл. вода на собна температура и додадете половина од  брашното предвидено за употреба. Замесете го, потоа покријте го тестото со влажна крпа за да отстои 30 минути.

Додадете го остатокот од брашното и енергично измешајте го 10 минути.

Обликувајте го тестото во вид на топка, ставете го во сад, покријте го со фолија за да отстои 24 часа во фрижидерот.

Извадете го тестото од фрижидерот и оставете го на собна температура 2 часа.

Потоа тестото се протега во сад  или во два круга (25 см во дијаметар), покријте го и оставете да мирува во следните 30 минути, пред да ги поставите состојки пред печење во рерната.

Интегрално тесто

  • 300 грама брашно тип 400
  • 200 грама интегрално пченкарно брашно
  • 10 грама сол
  • 4 грама свеж пивски квасец

Подготовка:

Растопете го пивскиот квасец во 380 мл. вода на собна температура и додадете го едниот тип брашно. Замесете, покријте го тестото со влажна крпа и нека отстои 30 минути.

Додајте го преостанатото брашно и енергично мешајте најмалку 10 минути, на крајот додадете сол.

Обликувајте го тестото во вид на топка, ставете го во сад, покријте го со фолија за преноќи 24 часа во фрижидер.

Извадете го тестото од фрижидерот и оставете го на собна температура 2 часа. Потоа се протега во тавче со големина од околу 40 сантиметри или две тркалезни форми. Покријте и оставете го во наредните 30 минути, пред да ги поставите состојки и печење во рерната.