Брилијантно греено вино за дополнително уживање во зимската магија

vino-1-314x381.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Зимскиот период и ладното време се познати по големиот број на празници, семејни дружби и уживање во закуски и напитоци. Коктелите и напитоците се секогаш добредојдени за да ја надополнат празничната трпеза.







Како традиционален зимски напиток се издвојува виното. Освен што е одлично како народен лек, го подобрува расположението и стоплува, тоа го прави да биде полн погодок за студените зимски денови.

Рецептот за вкусно подготвено вино кое плени со арома и топли ноти е многу едноставен, a листата на зачини кои најчесто се додаваат се цимет, каранфилче, портокал, мандарини, ѓумбир, бибер, мед и смокви…

Рецепт од кој ќе добиете брилијантен напиток

  • Сок од 1 портокал
  • 500мл црвено вино
  • 1 стапче цимет
  • 1 јаболко исечкано на кругови
  • 1 мандарина излупена и поделена на неколку делчиња
  • 2-3 каранфилчиња
  • 2-3см свеж ѓумбир исечкан на парчиња
  • ѕвездест анасон
  • мед по желба

Сокот од портокал и црвеното вино се ставаат заедно во садот во кој ќе го загревате виното. Потоа се додава циметот и овошјата, а негде при крајот каранфилчињата, ѕвездестиот анасон и ѓумбирот и се остава сите вкусови да се соединат. Не дoзволувајте виното да врие, потребно е да готвите  неколку минути, но не пречекорувајќи ја точката на вриење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK