Пештерските луѓе во Калифорнија земале халуциногени супстанци


– Тим од американски, британски и јужноафрикански истражувачи откри јасни докази дека пештерските луѓе кои живееле во денешна Калифорнија, користеле халуциногени растенија.



Имено, тие пронајдоа цртежи на билката наречена „Феникс дактилифера“ (Phoenix dactylifera) – еден вид буника, на sидовите на Пештерата Пајнвил. Ова дрво и овошните плодови се познати по своето психоактивно дејство.

„Имаме јасни индикации дека староседелците во Калифорнија ја користеле оваа буника, па ја насликале и на ѕидовите. А, исто така, цртале и визуелни појави што им биле прикажани при состојба на транс поради земањето на халуциногената супстанција“, се вели во извештајот од испитувањата.

Римскиот хроничар Плиниј Постариот говори за употребата на буниката и во Стара Хелада… Имено, растението го земале свештеничките на богот Аполон за „да дојдат до пророштвата“.