Пејачот Владо Георгиев распали по СЗО: Тие се сатанисти, никој не може да ве тера да носите маска



 

Српскиот пејач и композитор Владо Горгиев на „Твитер“ објави серија пораки од кои може да се заклучи дека е сериозно револтиран од денешната одлука на српскиот Кризен штаб за задолжително носење заштитни маски и на отворено.

„Дали е реално дека луѓето го трпат ова? Маски кои не заштитуваат од ништо да се носат на отворено? Наскоро ќе ви прават што ќе посакаат!“, им порача српскиот пејач на своите следбеници на социјалната мрежа.

JE LI REALNO DA LJUDI OVO TRPE? JE LI RELNO? MASKE KOJE NE ŠTITE NIODČEGA DA SE NOSE NA OTVORENOM? SAGNITE SE OVOM ŠLJAMU, USKORO ĆE VAM RADITI ŠTA POŽELE 😱 Nove mere Kriznog štaba: Maske i na otvorenom – NOVA portal https://t.co/qaMxL8UHrO

— Vlado Georgiev – Barba (@VladoGeorgiev) October 16, 2020

Во продолжение, тој го објави и своето незадоволство од начинот на кој СЗО се справува со корона-кризата.

„Кризниот штаб и сите во комплет, заедно со глобалистичките сатански г***а СЗО, можат само да дадат препорака за носење маски, но никако да наредуваат, никој нема право да издава наредби за носење маски на кои пишува дека не се соодветна заштита. СЗО ботови – СТОП“, наведува Георгиев во следната објава.

Krizni štab i ostala gologuzija u kompletu sa svim globalističkim satanističkim govnima who MOGU SAMO DA DAJU PREPORUKU ZA NOŠENJE MASKI I NIKAKO DA NAREDE Niko nema pravo da izdaje naređenje za nošenje maski na kojima PIŠE da NISU ZAŠTITA!!!

Who botovi – STOP

— Vlado Georgiev – Barba (@VladoGeorgiev) October 16, 2020

Српскиот пејач изминативе недели беше една од главните теми во земјава, откако во скопскиот локал „Мош“ одржа концерт, на кои присутните воопшто не ги почитуваа мерките за носење маски и физичко растојание.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски денеска уште еднаш ја изрази својата увереност дека токму концертите и журките од изминатите недели се главната причина за зголемвањето на бројките на заразени во последните три дена.