Овие млади луѓе можат да го унапредат талентот со износ до 2.500 евра – поддржи ги!!


Отворен осмиот циклус на гласање во рамки на проектот „Ново Име“

Дури 14 млади таленти од цела Македонија се натпреваруваат за наклоност на публиката во осмиот циклус на проектот „Ново Име“, како би се избориле за поддршка во износ до 2.500 евра со која ќе ги унапредат некои од своите вештини или знаења.

Во прашање е проектот кој во потполност е поддржан од компанијата ХТЛ МАКЕДОНИЈА и брендовите ADMIRAL, ASTRA и CASINO FLAMINGO HOTEL, членки на групацијата NOVOMATIC во Македонија, во кој од почетокот на годината, седум млади луѓе ја искористија оваа шанса и си дадоа крила на својот талент од областа на музиката, културата, науката и спортот.

Тие ја одушевија јавноста со своите умешности од доменот на пеењето, електронската музика, свирењето, танцот, цртањето и гејмингот, покажувајќи дека меѓу нас има многу „скриени“ таленти кои заслужуваат внимание и поддршка.

Со победата на Станче Алексов од Кочани, кој стана (седмо) Ново Име на музиката, отворена е шансата за сите млади од 16 до 30 години од цела Македонија да тргнат во ноемврискиот циклус по неговите и чекорите на претходните победници – Сандра Туфеска, Ново Име на цртањето, Влатко Иљачев, Ново Име на пеењето, Антониј Ристески и Викторија Симеонова, Ново Име на музиката, Ангела Георгиевска, Ново Име на танцот, и Александар Јакимовски, Ново име на гејмингот.

„Уште како мал го засакав саксофонот, кога ги гледав големите музички имиња како свираат тука, така и во светот. Веќе седум години се дружам со овој инструмент и сакам уште долго да свирам и да постигнам успех. Титулата и наградата ќе ми омозвожат да снимам спот и така својот талент да го претставам на пошироката публика“, се зборови на Станчо Алексов, кој во октомври освои најмногу гласови и стана седмо Ново Име

Истата одлучност да се обидат во ноември ја покажаа овие 14 девојки и момчиња, спремни на светот да му го покажат својот талент. Сега им е потребна поддршка, а секој ваш глас за нив е чекор поблиску за остварување на својот сон. Затоа, брзо на платформата novoime.mk и дај го својот глас на својот фаворит! Борбата за титулата за осмото Ново Име трае до крајот на месецот, а веќе од 01. деќември ќе биде познато и кој успеа во тоа.

Сите информации во врска со проектот „Ново Име“ можете да ги следите на официјалната Facebook страница и Instagram профилот. Да ги поддржиме овие таленти, затоа што нивната младост и одлучност тоа го заслужуваат, зар не!


Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Вести

Граматика на македонскиот јазик за дијаспората

Во издание на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, обајвена е Граматика  на македонски јазик  со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство. Граматиката  е  изработена од три професорки кои предаваат […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 486

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*