Официјален подкаст за Џејмс Бонд


Во рамки на подготовките за премиерата на „Не е време за умирање“, закажана за ноември, креативниот тим на филмот го објави лансирањето на „Официјален подкаст за Џејмс Бонд“, каде што слушателите можат да слушнат ексклузивно за акцијата зад сцената.


 

Подкаст серијата од шест дела ќе го истражи наследството на 007 и новиот филм „Не е време за умирање“, а вклучува и ексклузивни интервјуа со актерската екипа и режисерот.

Официјалниот подкаст за најновиот во серијалот филмови за Џејмс Бонд ќе се фокусира на поинаков аспект на наследството на филмовите 007, вклучувајќи локации, непријатели, гаџети и автомобили.

Домаќин е филмскиот критичар Џејмс Кинг, а на подкастот ќе има интервјуа со Даниел Крејг, оскаровецот Реми Малек, Леа Сејдо, Лашана Линч, Џефри Рајт, Наоми Харис, режисерот на „Не е време за умирање“, Кери Џоџи Фукунага, продуцентите Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи, пејачката Били Ајлиш и нејзиниот брат Фајнс О’Конел, заедно со неколку членови на екипажот зад сцената.