Одбројуваме 7 дена до петтиот јубилеен настан „Мажи на годината“


И оваа 2022 година изминува, а во месецот посветен на машкото здравје ја обележуваме со јубилејниот настан „Мажи на годината“.

 

 

Подготовките се веќе при крај, и останаа само уште 7 дена до официјалниот избор на кој ќе бидат наградени најуспешните мажи во Македонија за 2022 година.

Во среда (30.11.2022) во DoubleTree by Hilton -Скопје со почеток од 20 часот ќе се бираат Мажите на годината во 13 категории и тоа: Маж на годината за 2022, Маж со трајни вредности, Менаџер на годината, Менаџер на годината до 40 години, Менаџер странец на годината, Млад менаџер до 30 години, Маж со најголем придонес во културата, Маж со најголем придонес во спортот, Маж со најголем придонес во општеството, Маж со најдобар стил, Маж според социјални медиуми, Хедонист на годината, Маж на годината во избор на организаторите

Како и изминатите години така и оваа, на гала вечерта ќе присуствуваат голем број јавни личности и докажани профеционалци во сите области. Организаторите најавуваат многу богата забавна програма, изненадувања и одличен настан единствен од ваков тип.

Изборот на мажи на годината  кој има за цел да ги мотивира сите мажи кај нас, да ги награди најуспешните, и да придонесе во општеството со поголема свесност за машкото здравје  се одржува петта година по ред. Оваа година водители на настанот ќе бидат Жарко Димоски и Миа Костова, кои со сигурност ќе ја направат оваа вечер за паметење.

Генерален спонзор на овогодинешниот избор на „Мажи на Годината 2022“ е компанијата Casinos Austria International Macedonia, и останатите спонзори DoubleTree by Hilton -Skopje, Бадел -Antique Pelinkovac, Пакомак, Орбико и парфимериите Fabu, Пивара-Скопје, Империјал Тобако, Авант Кар Македонија и други.