Новогодишниот дочек на Тајмс сквер ќе биде виртуелен


 – Традиционалната новогодишна ноќ на Тајмс сквер во Њујорк, која вообичаено привлекува илјадници посетители, овојпат е откажана за првпат по 114 години. Тоа, поради пандемијата на коронавирусот.

Наместо тоа, ќе се организира виртуелна новогодишна забава на истото место, што милиони луѓе ширум светот ќе можат да го следат преку интернет. Сепак, организаторите истакнуваат дека ограничен број луѓе ќе бидат пуштени на Тајмс сквер заради емитување на свеченоста.

Познатата кристална топка ќе слета на плоштадот и оваа година, означувајќи го крајот на старата и почетокот на новата година.

– Единствено нешто што нема да се промени е одбројувањето на полноќ на 31 декември, изјави Тим Томпкинс, претседател на Алијансата Тајмс сквер – организатор на настанот.

Тој додаде дека полицијата ќе формира кордон околу Тајмс сквер на 31 декември годинава за да се спречи евентуален помасовен собир. 


Вести

Јованова-Грујовска: Проблемот е измислен, македонскиот јазик е реалност и таа тема е за нас завршена

– Македонскиот јазик е реалност, уставна категорија и тука нема дискусија. Нема потреба да си го губиме нашето време и нашата енергија како научници да објаснуваме нешто што светската лингвистика веќе го прифатила. Македонскиот јазик е […]

Анализата за екстра лесното готова, содржи три мерки што треба да се преземат како сет - МИА
Бизнис и економија

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот иста

– Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените […]

Кривичен суд Скопје донесе пресуди за 723 лица за непочитување на полицискиот час - МИА
Вести

Мартин Протуѓер позитивен на Ковид-19, рочиштето за ,,Титаник” одложено

– Поранешниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протуѓер, а сега обвинет во процесот ,,Титаник”, е позитивен на Ковид-19, поради што е одложено денешното рочиште за овој случај. Одбраната на Протуѓер, до Судот доставила известување дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*