Натали Портман не им дава на децата да гледаат „Војна на ѕвездите“


– Израелско-американската глумица и оскаровка Натали Портман сѐ уште не им дава на своите деца да ги гледаат филмовите „Војна на ѕвездите“, каде што таа глуми.


 

Причината е што таа сака децата да ја помнат „како ништо друго, освен како – нивната мајка“, како што самата изјави за порталот „Фадерли“.

– Забавно е тоа што бев дел од нешто со кое децата се поистоветуваат. Моите – поточно, син ми, ќерка ми е сѐ уште мала – ги гледаше последните филмови кајшто не глумам, вели Потман.

Натали со својот сопруг – танчерот Бенџамин Милпајд, го имаат синот Алеп (9) и ќерка им Амалија (6).