„Најки“ лансира патики со „Плејстејшн 5“ мотиви


– Компанијата за спортска облека и опрема, „Најки“ наскоро планира да пушти в продажба патики дизајнирани со мотиви на конзолата „Плејстејшн 5“ на Сони.


 

Две верзии на патики „ПГ-5 x ПС-5“, со различни комбинации на бои се појавија на Инстаграм на крајот од март, а сега е познато дека продажбата ќе почне во мај. Патиките ќе чинат 110 долари (91 евро).

Претходните модели кои произлегоа од соработката на „Плејстејшн“ и „Најк“ беа во многу ограничен број, па анегдотата вели дека купувачите имаат поголема веројатност да дојдат до конзолата ПС-5 отколку до овој модел на патики.