Меган Маркл издаде книга за деца The Bench: Посветена на принцот Хари и синот Арчи


Војвотката од Сасекс, Меган Маркл ја презентираше својата книга за деца The Bench, која е инспирирана од принцот Хари и нивниот син Арчи, во видео на YouTube.


 

Во нејзиното прво појавување по нејзиното патување во Њујорк со принцот Хари, таа изгледа опуштено во зелена градина, опкружена со птици.

Меган го започнува видеото со претставување – „Јас сум Меган, војвотката од Сасекс. Го напишав ова како песна за мојот сопруг и нашиот син Арчи, а потоа ја претворив во книга, за да можете и вие да уживате во неа“, рече таа.

Војвотката споделува дека илустраторот Кристијан Робинсон работел со акварел на нејзино барање, за да ги создаде сликите од книгата.

По завршувањето на книгата, Меган вели: „Сега се надевам дека ќе можете да одите и да најдете своја посебна клупа, стол или тивок агол – место што ви значи и кое можете да го поделите со некој што го сакате. ”

Во посветата на книгата со калиграфска уметност, Меган напиша: „За мажот и момчето што прават моето срце да чука“.

Меган (40) и принцот Хари (37) претходно волонтираа во предучилишна установа во септември 2020 година, кога помогнаа да се засадат цвеќиња и зеленчук.

Парот се пресели во Калифорнија минатата година со Арчи кој сега има 2 години, пред да дојде на свет нивната ќерка Лили во јуни оваа година.