Куќата на Николас Кејџ изгледа како палата (Фото)


Импресивната куќа во Сан Франциско е изградена во 1914 година за скулпторот Хаг Патиџан.


 

Николас Кејџ беше еден од најплатените актери во Холивуд, a голем дел од парите ги вложи во недвижен имот. Актерот кој има околу 12 куќи низ Америка и два замоци во Европа, купил прекрасна вила во Сан Франциско во 2009 година која изгледа како мала палата.

Историската куќа сега вреди 10 милиони долари, изградена во време кога населбата Руски Рид се реновирала по катастрофалниот земјотрес од 1906 година.

Има четири ката, на приземјето на куќата можеме да видиме отворен план на просторот, со големо фоаје и класични скали кои водат до горните катови. Има свечена дневна соба, трпезарија, библиотека, кујна и ходник што води до гаражата.

И покрај реновирањето, куќата се уште има оригинални архитектонски детали, дрвени украси и камини. На вториот кат има две спални соби со бањи кои функционираат како хостели, главна спална соба со гардероби и голема бања.

На третиот кат се останатите спални соби, додека во подрумот има голема семејна дневна, теретана и уште една спална соба.