Клое Кардашијан имала Ковид-19


Клое Кардашијан била позитивна на Ковид-19 пред неколку месеци, откриено е во средата.


 

Во новиот трејлер за следната епизода на „Дружење со семејството Кардашијан“, 36-годишната дизајнерка на „Гуд Американ“ споделува дека била тешко болна од коронавирусот.

Мајката на двегодишниот Тру Томпсон вели дека нејзините симптоми вклучувале повраќање и главоболки.

Се чини дека се разболела на почетокот на март откако била на бејбимун патување со нејзината најдобра пријателка Малика Хак во казино во близина на Палм Спрингс, Калифорнија. Наместо со сопругот, Малика се упати со Клое на таканареченото бејбимун патување или последен одмор пред раѓањето на бебето кое го очекува.

Потоа била во карантин со ќерката Тру и момчето Тристан Томпсон во Лос Анџелес. Засега не е познато дали и тие биле позитивни.

„Само што дознав дека имам корона, бев во мојата соба … беше навистина лошо неколку дена, повраќање и тресење, и топло и ладно,“ вели Клои од својот кревет облечена во црни пижами.

„Страдам од мигрена, но ова беше најлудата главоболка, не би рекла дека е мигрена “, додаде таа.

„А кашлањето беше ужасно, градите ми гореа кога кашлав. Грлото сè уште не ми е целосно опоравено, дозволете ми да ви кажам дека ова sh ** е реално, но сите ќе го пребродиме.“