Кејти Холмс не се одвојува од новото момче


Таа ја чуваше далеку од очите на јавноста врската со поранешниот партнер Џејми Фокс, од кого се раздели минатата зима по шест години.



Но, Кејти Холмс очигледно не се срами од новото момче Емилио Витоло Џуниор, и се чини дека тие се нераздвојни.

Актерката (41), го победи есенскиот студ во во шик кафеав кожен мантил, додека се држи за рака со професионалниот кувар Емилио (33) на прошетка во Њујорк.

Поранешната сопруга на Том Круз и нејзиното 8-години помладо момче се откажуваат од луксузот додека уживаат во новата романса и честопати може да се видат како патници во метро, траект, изнајмени велосипеди, или како седат во мали ресторани.