Во Стразбур жена роди шест бебиња


Во Стразбур жена роди шест бебиња - МИА

Париз, 16 мај 2020 () – Мајка на две деца, роди шест бебиња во Стразбур, што е исклучително редок настан, соопшти болницата Стразбур-Хотипер.



Како што јави дописникот на новороденчињата, пет девојчиња и едно момче,  родени се по 24 недели и шест дена аменореа, што значи дека се „многу предвремено родени“.

Бебињата се родени со царски рез и тежат помеѓу 630 и 730 грама. Тие се хоспитализирани во реанимација за новороденчиња и ќе поминат долги месеци во болница.

-Ние сме многу внимателни, тоа е ситуација во која се потребни техничка експертиза на тимот со високи перформанси во болницата Хотепиерм, изјави медицински извор од болницата, нагласувајќи дека 30 лица биле мобилизирани за ова несекојдневно раѓање.

Според него, последното раѓање на шесторка во Франција датира од пред триесет години во Нормандија.

Пред една година, 29-годишна Полјакиња,  мајка на едно дете, роди исто така шест бебиња во Краков. Полските лекари тогаш истакнаа дека раѓањето на шесторка се случува во светот еднаш на 4,7 милијарди породувања.


Вархеји сака гаранции дека изборите ќе бидат фер - МИА
Вести

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

– Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година. Како најлош момент […]

Вести

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација

Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против […]

Вести

Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на онлајн средбата на македонските и бугарските историчари

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На […]