Уганда: 11 години затвор за убиец на редок вид горила


Уганда: 11 години затвор за убиец на редок вид горила - МИА

Лондон, 30 јули 2020 () – Човек од Уганда убил мажјак од редок вид планински горила, па за тој чин е осуден на 11 години затвор. Според Би-Би-Си, Феликс Бјамукама се изјаснил виновен за неовластено влегување во заштитено подрачје на национален парк и за убивање на горилата по име Рафики.

Бјамукама влегол во националниот парк со уште три лица заради лов на други, помали животни. Сепак, тој тврди дека го убил горилата во самоодбрана.

По изрекувањето на казната, од телото одговорно за заштита на дивиот свет на Уганда, сметаат дека „правдата за Рафики е задоволена“, како што се истакнува во соопштението.

Горилата, кој бил своевидна туристичка атракција, исчезнал на 1 јуни, а телото му било пронајдено следниот ден. Животното е убиено со остар предмет.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*