Теренс Винтер го напушти проектот ТВ-серија за Бетмен


„Ворнер Брос“ телевизија и „Ејч-би-о макс“ сега ќе треба да пронајдат нов шоуранер за претстојната ТВ-серија за човекот-лилјак Бетмен. Ова доаѓа по заминувањето на Теренс Винтер, кој требаше да го напише сценариото на драмската серија базирана на филмот „Бетмен“ на Мет Ривс.

Според „Холивуд репортер“, одлуката на Винтер да се повлече од проектот се должи на креативни разлики, бидејќи неговата визија за драмата не била во согласност со она што Ривс и продуцентите го имале на ум.

Искусниот Теренс Винтер, сценаристот на култната серија „Сопранови“, е добитник на „Еми“ награда за оваа серија.

Проектот ТВ-серија за Бетмен, чиј наслов не е откриен, беше инициран изминатото лето, и требаше да служи како придружник на филмот „Бетмен“ на Мет Ривс со Роберт Патинсон во главната улога како човек-лилјак.


Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Вести

Граматика на македонскиот јазик за дијаспората

Во издание на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, обајвена е Граматика  на македонски јазик  со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство. Граматиката  е  изработена од три професорки кои предаваат […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 486

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*