Светски ден на чоколадото


Светот денеска го одбележува Денот на чоколадото, омиленото слатко задоволство за многумина… Оваа мешавина од какао и шеќер, со или без додатоци, го подобрува расположението на луѓето веќе со векови, имајќи предвид дека го поттикнува лачењето серотонин (хормонот на среќата), а може да биде и многу корисна за здравјето.


 

Научниците долго време го истражуваат влијанието на оваа храна врз здравјето на луѓето. Едно испитување, спроведено во САД, покажува дека чоколадото помага во одржување на здрави крвни садови и на срцето. А, од поодамна се знае дека тоа е корисно и за постабилен крвен притисок.

Истражувачите веруваат дека јадењето чоколадо барем еднаш неделно, ја намалува опасноста од коронарна артериска болест за осум отсто во споредба со оние кои поретко консумираат чоколадо.

Чоколадото содржи хранливи материи, како што се флаваноиди, метилксантини, полифеноли и стеаринска киселина, коишто помагаат и при воспаленија, како и за покачување на добриот холестерол.