Според хороскопот, ваков е вашиот сексуален живот!


 


 

Овен

Овните се родени љубовници. Тие никогаш не запираат. Како и самиот симбол кој го носат, тие се борат за тоа што го сакаат и носат огромна страст и силна енергија во себе. Тоа многу зборува за нивниот сексуален живот.

Бик

Биковите се горди и извонредни љубовници, додека некој не ги изнервира. Тие не можат да применуваат секс без љубов,  но кога се во врска и се заљубени, летаат огномети.

Близнаци

Близнаците имаат богат љубовен живот, бидејќи тие се личности кои постојано имаат партнер до себе. Не сакаат да бидат сами и секогаш имаат личност со која ги споделуваат сите работи, а тоа вклучува и богат сексуален живот.

Рак

Раковите се многу романтични личности кои ќе имаат секс само ако се страшно заљубени во некоја личност. За некои од нив, тоа значи и дека со години ќе чекаат за тоа. Но, ним воопшто не им пречи тоа бидејќи чувствата им се најважни.

Лав

Лавовите се доминантни лидери во друштвото, но и доминантни во сексот. Единствениот проблем е во тоа дека тие обожаваат полигамија, а тоа баш и не е секогаш и секаде возможно.

Девица

Девиците мислат дека немаат многу среќа кога станува збор за љубовта и сексот, но тоа е нивна вина бидејќи го бараат совршеноството, а тоа не постои.

Вага

Кај Вагите, најважен е балансот. Тие го сакаат сексот, но тешко им е да најдат партнер кој е еднакво лабав и посветен на балансот како и тие самите.

Шкорпија

Шкорпиите се најстрастниот знак во хороскопот. Тие понекогаш и ги плашат другите луѓе со својот интензитет и изразена сексуалност.

Стрелец

Стрелците сакаат луди авантури и тие сакаат многу секс без обврски. Ова е еден од знаците кој има најмногу сексуални партнери во текот на животот.

Јарец

Јарците сакаат секс, ама се личности кои многу размислуваат и анализираат и најчесто го пропуштаат. Преоптеретени се со многу детали и прашања и додека да донесат одлука да се забавуваат, личноста веќе си заминала.

Водолија

Водолиите се најдобри и сите сакаат да бидат со нив. Тие се одлични љубовници и за нив не е важно дали се во врска или не –  сексот е секогаш луда и незаборавна авантура.

Риби

Рибите се чувствителни личности и за да имаат секс со некого, мораат да бидат лудо заљубени. Среќа што се заљубуваат на секои 5 минути, па така успеваат и да уживаат во животот.

skopjeinfo.mk