Словенечки лингвисти работат на „корона-речник”


Во Австрија повеќе излекувани отколку новозаразени - МИА

Љубљана, 9 април 2020 () – Словенечки лингвисти веќе работат на мал „корона-речник”, за да „се поправат“ англизмите и другите туѓи зборови кои се вметнуваат во јазикот за време на пандемијата на Ковид-19, социјалната оддалеченост, физичкото растојание и самоизолацијата.

– Не седиме со скрстени раце деновиве, и имаме многу работа со новите зборови што продираат во словенечкиот јазик заедно со смртоносниот вирус, вели д-р Козма Ахачич – директор на Институтот за словенечки јазик за весникот „Словенске новице”.

Притоа, јазичарите бараат и помош од граѓаните, кои можат да им испраќаат свои предлози преку академската платформа „Фран“.

Така, од позанимливите предлози, стручњаците ги издвојуваат „коронски вирус“ како алтернативен поим за коронавирусот и „коронавреме” како замена за „корона-епидемија“. Натаму – англискиот сленг „коронаидиот“ би се превел како „коронабедак” (што на македонски би се превело како „корона-глупак“), а оние коишто, напротив, ги почитуваат прописите за физичко растојание, би се нарекле „коронајунаци”.

– Други предложени сложенки со зборот „корона“, се: короназакон, коронапаника, коронапакет, противкоронски мерки и слични изрази, вели д-р Ахачич.

На интернет-страницата на Институтот веќе се објавени неколку статии и научни трудови на оваа тема.

 


Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]

Регистрирани девет нови случаи со коронавирус во Прилеп и први два случаи во Крушево - МИА
Вести

Нови 38 случаи на Ковид -19, тројца починати

Скопје, 28 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 38 нови лица позитивни на коронавирусот и 16 оздравени пациенти. Во овој период починале два лица, а кај […]

Чулев: Да бидеме мудри, сочувствителни, кооперативни истрајувајќи и победувајќи го премрежието со кое што човештвото се соочува - МИА
Вести

Чулев: АНБ се уште е дел од системот за следење на комуникации

Скопје, 28 мај 2020 () – Начинот на кој е формирана Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и неотстранувањето на посредничката улога на АНБ при следењето на комуникациите, говори дека реформите на безбедносниот систем се само […]