Слика на Клод Моне продадена за рекордни 110,7 милиони долари


Една од легендарните слики со пластови сено, на францускиот импресионист Клод Моне, достигна рекордни 110,7 милиони долари на наддавање во аукциската куќа Сотби’с во Њујорк.

Моне (1840-1926) својата серија со сеното од 25 платна (Les meules), ја насликал недалеку од својот дом во француското село Живерни, од летото 1890. до скоро истиот период наредната 1891 година.

Сликата од 1890. е продадена на аукција на импресионизмот и модерна уметност вчеравечер. Од Сотби’с соопштуваат дека ова е рекорд за дело од овој уметник и прво импресионистичко дело што ја надминало бројката од 100 милиони долари на наддавање.

Претходните сопственици сликата ја купиле 1986 година за 2,53 милиони долари. Сотби’с не посочи никакви податоци за новиот купувач.

Само осум примероци од серијата се во приватна сопственост. Останатите 17 сè уште се чуваат во музеи како што се њујоршкиот Метрополитен и Уметничкиот институт во Чикаго.


ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]