Шинејд О’Конор не се кае за кинењето на сликата со папата


– Познатата ирска пејачка Шинејд О’Конор во својата  нова автобиографија „Сеќавања“ истакнува дека не се кае за ништо во животот, па дури ни за кинењето на слика со папата Јован Павле Втори во емисија на Ен-Би-Си пред речиси 30 години. Таа вели дека тоа е дел од нејзината борба против злоупотребата на деца.


 

Според пејачката, тој нејзин потег бил инспириран од несреќниот семеен живот што таа го имала во младоста.

„Мојата намера отсекогаш беше да ја уништам фотографијата на мајка ми, од папата. Таа слика ги претставуваше лагите, лажговците и злоупотребите. Луѓето што ги чуваат овие работи беа ’ѓаволи‘ како мајка ми. Никогаш не знаев кога или каде или како ќе ја уништам (сликата), но ја уништив кога дојде вистинскиот миг. И имајќи го тоа на ум, внимателно ја носев секаде каде што одев“, пишува О’Конор.

Irish singer Sinead O'Connor, 54, writes in her new memoir, Rememberings, about the shocking incident during which she tore up a photo of Pope John Paul II on Saturday Night Live. (Photo: Christie Goodwin/Redferns via Getty Images)

Потегот од 1992 година, на пејачката ѝ донесе доживотна забрана во Ен-Би-Си.