Американско семејство повторно се обединило со својата мачка, која случајно била испратена во Калифорнија, по пошта стотици километри од домот, во пакет со чизми, пишува Би-Би-Си.
Мачката Галеана исчезна од својот дом во државата Јута на почетокот на месецот и беше организирана потрага по неа.
Таа била спасена од вработен во „Амазон“ една недела подоцна во еден од пакетите испратени од семејството.
„Галеана сака кутии, тоа е дел од нејзината личност“, рече сопственичката Кери Кларк, објаснувајќи како семејната мачка завршила толку далеку од дома.
Во кутијата во која мачката скокнала имало големи работнички чизми. За среќа, еден раб од кутијата се отворил и мачката имала воздух и била заштитена од временските неприлики, а кога конечно била ослободена била во добра состојба.
Сопствениците биле идентификувани со чип, а ветеринарот го повикал Кларк и објаснил што се случило.
Кларк најпрво мислела дека некој се шегува, а потоа настанала радост и возбуда.
Таа и нејзиниот сопруг летале 1.000 километри до Калифорнија и ја вратија Галеана дома.