Се дополнува актерската екипа на најскапиот филм на Нетфликс


– Ѕвездата на хит-серијата „Бриџертон“, Англичанецот Реге-Жан Пејџ ѝ се приклучи на екипата на филмот „Сивиот човек“, којшто се очекува да биде најскапиот филм, кога било досега, на стрим-платформата Нетфликс.


 

Пејџ ќе се појави заедно со Рајан Гослинг и Крис Еванс. Сè уште не е познато каква улога ќе има Пејџ во филмот – заснован на истоимениот роман на Марк Грини од 2009 година.

Во овој шпионски трилер на браќата Ентони и Џо Русо како сценаристи и режисери, глумат и оскаровецот Били Боб Торнтон, Алфре Вудард, Ана де Армас, Џесика Хенвик и Џулија Батерс.

Филмот е во претпродукција.