Саша Барон Коен упаднал маскиран на десничарски собир (видео)


– Познатиот контроверзен и, според многумина – ексцентричен британски комичар Саша Барон Коен упадна на собир на крајни десничари во Вашингтон, маскиран, и отпеа расистичка песна за Барак Обама, Хилари Клинтон, Ентони Фаучи, Бил Гејтс и Светската здравствена организација. Целта на тоа беше да ги исмее организаторите на настанот.

Собирот на американско-канадската десничарска група што себе се нарекува „Триотстотници“ (Three Percenters), се одржа во паркот „Херитиџ“ завчера во Вашингтон, САД. Беше насловен како „Марш за нашите права 3“, и на него учествуваа околу 500 приврзаници.

Коен се појави делумно преправен и се претстави како лидер на политичка организација што сака да го спонзорира митингот. Тој со себе зеде и приватно обезбедување, што ги спречи организаторите на собирот да го исфрлат од сцената, но и да не му го исклучат микрофонот кога ќе почне да пее.

Во песната се вели оти противниците на организацијата треба да бидат заразени со коронавирус, но и дека Светската здравствена организација треба да биде „скратена“ како што „тоа го прават Саудијците“.

Организацијата „Триотстотници“ е парамилитантна група основана 2008 година, во пресрет на изборот на Барак Обама како прв црнец претседател на САД. Американските власти ја означуваат како антивладина организација, а многумина во Канада ја сметаат за најопасната екстремистичка група во земјата.


Коронавирусот бил присутен во Италија во декември, открива студија за отпадни води - МИА
Вести

Сто триесет и шест новозаболени од Ковид-19, 123 оздравени, шест починати

Скопје, 12 јули 2020 () – Сто триесет и шест нови случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа, оздравеле 123 заболени, а шест лица починале. Направени се 991 тестирања. Како што […]

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк - МИА
Вести

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк

Скопје, 12 јули 2020 () – По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, денеска завршува изборната кампања и од полноќ почнува изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни […]

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии - МИА
Вести

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Скопје, 12 јули 2020 () – Граѓаните на Северна Македонија на предвремените парламентарни избори ќе можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии со вкупно 1.578 кандидати, од кои 903 се мажи, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*