Сара Џесика Паркер ја посвои мачката на Кери Бредшо од продолжение на култната серија „Сексот и градот“, „И, едноставно, така“.
58-годишната актерка, која ја портретира Кери во новото поглавје на „Сексот и градот“, се огласи на социјалните мрежи за да открие дека ја посвоила Шу.
Покрај видеоклипови и фотографии на Шу што ги сподели на својот „Инстаграм“, Сара, која е во брак со актерот Метју Бродерик, напиша: „Неговото име надвор од камерите е Лотус. Тој и неговите браќа и сестри добија ботанички имиња кога беа спасени како новороденчиња од страна на cthumanesociety.
„Официјално усвоен од семејството Паркер/Бродерик во април 2023 година. Тој им се придружува на Реми и Смили кои ги посвоивме во мај 2022 година.“
Шу дојде на снимање на серијата директно од „Конектикат хуман сосајати“, а засолништето веќе откри некои дополнителни детали за посвојувањето.