Пронајден е древен прстен со изгравирана мистериозна порака

1692696724_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британец со помош на детектор за метал открил древен златен прстен стар речиси 500 години на фарма во Нотингем. Земјиштето е во близина на шумата Шервуд, која историски се поврзува со легендата за Робин Худ.


Енди Тејлор (57) го откопал прстенот со изгравирана порака, а експертите претпоставуваат дека ова парче накит било сокриено пред неколку векови и дека е дел од скриеното богатство што го закопал шерифот од Нотингем – локален претставник на монархијата – или член од неговото семејство.

Златниот прстен тежи околу 15 грама и се верува дека е направен околу 1560 година. На него е изгравирана мистериозната порака I meane ryght.

Вакви прстени биле многу популарен подарок во 16 век, а биле подарувани како знак на љубов со изгравирани тајни љубовни пораки или стихови од песни.

Прстенот со порака ќе се продава на аукција подоцна оваа година. Почетната цена ќе биде од 2.000 до 3.000 фунти.

Чарлс Хансон, сопственик на аукциската куќа Hansons Auctioneers, верува дека прстенот можеби бил подарок што означува висок статус.

„Пораките испишани внатре во прстенот биле тајна за сите, освен за личноста што го носи и личноста што го подарува, така што никогаш не можеме да бидеме сигурни што значело ‘I Meane Ryight’ за сопственикот на прстенот,“ рече тој.

„Неговата тежина покажува дека сопственикот бил богат. Веројатно е даден во знак на љубов или почит пред речиси 500 години. За секој љубител на историјата, тоа мора да е врвен подарок“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK