Позната манекенка во Кан за малку ќе откриеше премногу во фустан со висок шлиц

309e7023-063c-497c-ac8f-5972d44ec7ec.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Една од најбараните манекенки во светот, Ања Рубик, го привлече вниманието на Канскиот филмски фестивал со фустан со висок шлиц.


Рубик се појави на премиерата на Horizon: An American Saga, во режија на Кевин Костнер, облечена во фустан од Сен Лоран со висок шлиц. Изгледот го комплетираше со едноставна фризура, нагласена шминка и високи потпетици, со кои дополнително ја истакна својата фигура.

Меѓутоа, за разлика од Бела Хадид и руската манекенка Наташа Поли, Рубик доби само пофалби од обожавателите.

„Само вие можете грациозно да го соблечете овој фустан“, „Толку сте жешки“, „Ги надминавте помладите колешки“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Инаку, Рубик влезе во модната индустрија во 1998 година, а нејзиниот прв ангажман беше на модната недела во Париз.

Досега има работено со бројни луксузни модни брендови, меѓу кои Bottega Veneta, Marc Jacobs, Oscar de la Renta, Dior и многу други. Српскиот модел Саша Кнежевиќ ја запроси во 2010 година, а една година подоцна се венчаа на Мајорка. Сепак, тие се разведоа во 2015 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK