Политичарот Ричард Брутон е новиот „секс симбол“ на Ирска


Политичарот Ричард Брутон е новиот „секс симбол“ на Ирска - МИА

Даблин, 31 јули 2020 () – Ричард Брутон (67), член на Собранието на Република Ирска и поранешен министер, стана национален секс-симбол, откако во новото видео во кое ги промовира предностите на одморот во неговата изборна единица во северен Даблин, ги покажа своите „плочки“ на стомакот.

Поради корона-пандемијата, одмор во својата земја ова лето е реалност за многу луѓе во светот, па и за Брутон.

– Ако ви треба нешто малку поенергично од возење велосипед, зошто да не ми се придружите овде, па да се нурнеме во водите кај Долимаунт, вели Брутон во видеото објавено на Твитер-профилот на неговата партија Фине Гаел.

Добрата, или солидна форма на политичарот, предизвика многу коментари на интернет, па некои, на шега или не, го споредија Брутон со британскиот „007“ Даниел Крејг…

Овој политички ветеран, сепак, истакнува дека не посетува фитнес центри и ги повика своите сограѓани да ја користат природата за физички активности.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*