Почина долгогодишниот батлер во Белата куќа В.Р. Џерман



Вашингтон, 22 мај 2020 () – Вилсон Рузвелт Џерман, кој во Белата куќа служел повеќе од 50 години, на 11 претседатели, почина од новиот коронавирус на 92-годишна возраст.

Со работа во Белата куќа започнал во 1957 година, во време на претседателот Двајт Ајзенхауер, како хигиеничар, а неколку години подоцна бил унапреден во батлер од првата дама на САД, Џеки Кенеди.

Фотографијата од Џерман е објавена во мемоарите на Мишел Обама „Becoming“.

Неговата повеќедецениска служба во Белата куќа, исто така, беше предмет на многу историски студии за Афроамериканците во политиката.

Авторката на книгата од „Робовска колиба“ до „Белата куќа“, Корита Мичел од државниот Универзитет Охајо, изјави дека Џерман, како и многумина Афроамериканци од неговата генерација, извршувал со достоинство едно од ретките работни места што му биле достапни во тоа време.

Мичел изрази уверување дека фактот што Џерман ја заврши кариерата за време на претседателството на Афроамериканецот, Барак Обама, сигурно му причинувало задоволство.

 


Вести

Добрила Кацарска предложена за уставен судија

– Судскиот совет на денешната седница едногласно ја предложи судијката Добрила Кацарска за нов судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија,  потврдија за МИА од СС. Предлогот за судијката Кацарска ќе биде испратен на […]

Вести

Европските земји ги враќаат строгите епидемилошки мерки

– Голем број европски земји соопштија дека по зголемувањето на бројот на новозаразени, ќе воведат нови мерки за борба против ширењето на коронавирусот, што ќе вклучува ограничување на патувањето, порано затворање на барови и ресторани […]

Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]