Основан Фонд за жртвите на Џефри Епстајн


Основан Фонд за жртвите на Џефри Епстајн - МИА

Лондон, 26 јуни 2020 () – Речиси една година по неговото апсење, основан е Фондот за жртвите на сексуална злупотреба на Џефри Епстајн. Жртвите на овој начин ќе можат да бараат надомест на штета од неговото богатство кое тој го остави по смртта. Пред годинашните загуби на финансискиот пазар, тоа се проценуваше на околу 636 милиони долари.

Многу од жртвите на сексуална злупотреба на Епстајн беа малолетни лица.

Одговорниот за Фондот, Џордан Филдман изјави дека е во контакт со адвокати што застапуваат 70-тина од жртвите на Епштајн, но и дека е можно да се појават повеќе жени кои ќе бараат да бидат обесштетени.

– Очекувам барањата да варираат од неколку илјади до неколку милиони долари, рече Филдман.

По минатогодишното апсење, Епстајн се изјасни за невин за сексуална злоупотреба и трговија со жени и девојчиња во Менхетн и на Флорида. Набргу по неговото апсење, Епстајн се обеси во неговата затворска ќелија. 


ДИК прифати нови барања за набљудување на изборите - МИА
Вести

Гласаат болните, немоќните и затворениците

Скопје, 14 јули 2020 () – Втор ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Гласаат болните, немоќните, хронично болните, затворениците, лицата во домашен притвор, во старските домови и шестмина внатрешно раселени лица. Според последните податоци […]

Нови 153 заразени со Ковид – 19, оздравени 75 пациенти, починаа шест - МИА
Вести

Вкупно активни 3.486 случаи на Ковид-19, не се очекува поголем наплив во болниците

Скопје, 14 јули 2020 () – Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197 лица, од кои моментално активни се 3.486, откако вчера беа регистрирани 88 нови случаи од […]

Личните карти и пасошите со изминат рок ќе важат додека трае вонредната состојба - МИА
Вести

Лични карти можат да се подигнат и на 15 јули

Скопје, 13 јули 2020 () – Министерството за внатрешни работи соопшти дека управните служби при МВР на територијата на целата држава, на денот на изборите (среда, 15 јули) ќе работат само за подигнување лични карти, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*