Нова, олимписка модна линија на Ким Кардашијан


– Ким Кардашијан објави дека нејзиниот бренд „СКИМС“ ќе пушти во продажба линија „лежерна облека“ наменета за спортистите од САД, кои ќе учествуваат на претстојните Олимписки игри во Токио, но и за своите обожаватели.


 

Колекцијата вклучува спортска долна облека, велосипедски „бициклистички“ бермуди, маици и други удобни парчиња облека. Таа има ограничен број и наскоро ќе биде достапна и за купување преку интернет.

Се разбира, ниту една колекција не би била успешна без привлечна кампања. На фотографиите се прикажани американските спортисти Алекс Морган (фудбалерка), А’ја Вилсон (кошаркарка), Скаут Басет (параолимписка атлетичарка), Далила Мухамед (атлетичарка) и Хејли Андерсон (пливачка). Новата спортска облека наскоро ќе биде достапна на страната на „СКИМС“.